Нов закон во БиХ: Ќе им се одземаат пасошите на лица што не плаќаат алиментација


Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за патни исправи на БиХ предвидува дека лицата што не плаќаат алиментација да не можат да извадат пасош.

Предлогот беше испратен денес во собраниска процедура, а исто така со него се предвидува лицата што не плаќаат алиментација да може да им се одземе и веќе издадениот пасош.

Со предложените измени и дополнувања на законот значително се заострува третманот на лицата што ги избегнуваат обврските кон своите деца бидејќи издавањето пасош нема да биде можно доколку не се намират сите такви обврски, а во такви ситуации одземањето на веќе издадениот пасош ќе биде задолжително.