Нов ТВ тандем: Марјана и Ненад заедно во утринската програма на МРТВ




Една од најангажираните водителки кај нас Марјана Станојковска е најновото засилување во тимот на емисијата „Македонија наутро“. Таа ќе го води утринскиот блок секој ден точно од 06:45 часот, во директен тандем со познатиот водител Ненад Ѓорѓиевски.

Јавниот сервис со новиот директор очигледно прави сериозна промена на својот концепт, вклучувајќи познати естрадни лица во термини кои традиционално беа резервирани за поинаков вид теми.

Марјана со својата појава со години наназад важи за една од најкоментираните јавни личности кај нас, па затоа нејзиното појавување во ваков утрински термин веднаш стана тема број еден.

Првите дискусии веќе се насочени кон стилот, енергијата на екранот и целокупната промена на досегашниот традиционален имиџ на телевизијата.