Нов триумф на Мерцедес: Хамилтон победник во Монако

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на трката од шампионатот во Формула 1 возена денеска за „Големата награда на Монако“. За Британецот ова е четврата победа во тековната сезона и вкупно 77 во кариерата.

Второто место го освои Себастијан Фетел од Ферари, додека трет бешен Валтери Ботас од Мерцедес.

Макс Вестерпен иако трката ја заврши на втората позиција, поради казна од 5 секунди за несигурен излез од пит-стоп падна на четвртото место.

Во последните кругови, Верстапен се обиде да го нападне Хамилтон, дојде до контакт меѓу болидите, но Британецот го одби нападот и ја зачува лидерската позиција.

Во Монако бодови освоија и возачите од 5-10 место: Пјер Гасли од Ред Бул, Карлос Саинц од Мекларен, Данил Квјат од Торо Росо, Александар Албон од Торо Росо, Ромен Грожан од Хас и Даниел Рикиардо од Рено.