Нов тренд – „спиечки туризам“: Хотели со бројни погодности за хронично уморни „спијачи“

Овие хотели се приспособени за оние кои се хронично уморни, на кои им треба мир и одмор и на кои треба целосно да се исклучат


Оваа година, повеќе луѓе го бараа терминот „спиење“ на Google од кога и да е  досега, според податоците објавени од Google Trends минатата недела.

„Пребаруваме на Интернет за да дознаеме за рутините пред спиење, позициите за спиење и да разбереме „зошто сме толку уморни цело време“. Тоа е прашање што го достигна својот врв во јуни“, според Google.

Всушност, сонот толку многу ни бега што доведе до нов вид на патување, т.е. туризам. Хотелите и велнес одморалиштата започнуваат програми за „туризам за спиење“ кои ги надминуваат кадифените постелнини и завесите што ги затемнуваат собите.

Од кревети со вештачка интелигенција во реално време до хипнотерапевти на повик, овие шест места моментално даваат се од себе за да им помогнат на патниците да спијат подобро и да закрепнат.

Двата лондонски Zedwell хотели се прилагодени на оние кои треба целосно да се исклучат. Имаат минималистички соби без одвлекување на вниманието како телевизори и телефони, а немаат ни прозорци. Доминираат природниот даб и амбиенталното осветлување, а собите имаат звучна изолација и прочистен воздух. Покрај сето ова, многу хотели секако нудат специјални велнес програми, СПА третмани, вежби за дишење, совети за исхрана и медитација.

Конкретно, хотелот Six Senses Laamu нуди и јога, или ајурведски третмани, а посетителите добиваат пристап до апликацијата Timeshifter, за да се борат со чувството на џет-лаг. Нивните хотели се наоѓаат и во Швајцарија, Индија, Турција и Тајланд.

Душекот што пушта звуци и користи суптилни движења за да ги заспива гостите е една од бројните иновации.

Њујоршкиот Парк Хајат ги освежи своите три „апартмани за спиење“ со најновата верзија на паметни кревети. Душекот пушта звуци и користи суптилни движења за да ги заспива гостите, а за гостинот да се разбуди, креветот постепено се поместува во период од 15 минути за повторно полека и тивко да го разбуди заспаниот.