Нов рекорден број заболени во Хрватска – 140

Националниот штаб за цивилна заштита ги објави најновите податоци за состојбата со корона вирусот во Хрватска.

„Во изминатите 24 часа забележани се нови 140 случаи на зараза со САРС-Ков-2 и во моментот активни случаи во Хрватска денеска има 1.088“, соопшти штабот.

Од нив 124 се на болничко лекување, а тројца се на респиратор.

Починиа едно лице, со што бројот на починати од корона вирус достигна 118. Досега забележани се 3.672 случаи на зараза, во самоизлоација се 4.756 лица, а оздравеа 2.466. Тестирани се вкупно 92.808, од кои 1.322 во последните 24 часа.