Нови 800 случаи на корона вирус во Украина, починаа 27 лица


Во Украина се потврдени уште 800 случаи на корона вирус, со што вкупниот број на заразени достигна 52.843, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата.

Министерот за здравство Мексим Степанов на брифинг информира дека корона вирусот е потврден кај 53 деца и 48 медицински работници.

Во последното деноноќие починале уште 27 пациенти, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 1.372.