Нов рекорден број во САД: Повеќе од 67.000 заразени во еден ден


САД забележаа нов рекорд во бројот на заразени со Ковид-19 во еден ден.

Како што соопшти синоќа референтниот Универзитет „Џон Хипкинс“, повеќе од 57.000 нови случаи се забележани во последните 24 часа.

Последните денови, бројот на заразени во САД се движеше меѓу 55.000 и 65.000.

Особено се погодени државите на југот на САД, Тексас и Оклахома.

Повеже од 137.200 луѓе починаа од Ковид-19 во САД од почетокот на епидемијата.