Нов рекорден број на заразени со коронавирус во светот

Швајцарија – Бројот на нови случаи на заразени со Ковид-19 во светот бележи рекорден пораст веќе втор ден по ред, бидејќи за 24 часа се регистрирани 259.848 нови случаи, соопшти Светската здравствена организација.

Најголемем пораст има во САД, Бразил, Индија и Јужна Африка, се наведува во дневниот извештај на СЗО. Претходниот ден, регистрирани се 237.743 новозаразени.

Бројот на смртни случаи се зголеми за 7.360, што претставува најголемо дневно зголемување од 10 мај.

Повеќе од 14 милиони луѓе се заразени со вирусот во светот, а речиси 600.000 починале.

САД имаат 3,7 милиони заразени, Бразил над два милиона, а Индија стана трета земја со повеќе од милион случаи на коронавирус.