Нов рекорд во Бугарија – 914 заразени

Бројот на лица заразени со корона вирус постави нов рекорд во Бугарија. Со извршени 6.324 тестови во последните 24 часа, пријавени се 914 нови случаи. Ова е 95 повеќе од претходниот ден, кога беа регистрирани 819 позитивни примероци.

Бројот на хоспитализирани лица исто така расте – тие веќе се 1.426. Во изминатите 24 часа починаа 15 лица. Излечени се 1.891. Бројот на активни случаи во Бугарија е речиси 10 илјади, а 17 илјади луѓе се опоравиле од болеста.

Повеќето нови случаи повторно се регистрирани во Софија – 260. Бројот на заразени продолжува да расте во Благоевград, каде се пријавени 91 позитивен примерок, а во Пловдив се регистрирани 85 нови случаи. Министерството за здравство и Оперативниот штаб велат дека мерките мора да се почитуваат затоа започнуваат засилени инспекции за носење маски во затворен простор.