Нов рекорд на заболени во Франција – 45.422


Во Франција во последните 24 часа потврдени се 45.422 случаи со корона вирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата во еден ден. Починаа 138 пациенти.

Тоа е за околу 3.000 заболени повеќе од вчера, која беше регистриран рекорден биланс, пренесе Ројтерс.

Според податоците од Министерството за здравство, во истиот период починаа 138 пациенти со Ковид-19.