Нов рекорд на новозаболени во Шпанија

 

Во Шпанија денеска се регистрирани 25.595 нови случаи, што е втор ден по ред таа земја да бележи рекорд на дневниот биланс од почетокот на епидемијата.

Вчера беа регистрирани 23.580 случаи.

Починаа уште 239 пациенти, што е помалку од влера кога имаше рекордни 267 мртви.

Од почетокот на пандемијата во Шпанија потврдени се 1.185.678 случаи, а починаа 35.878.

Во таа земја оваа недела прогласена е шестмесечна вонредна состојба за да се сузбие ширењето на заразата.