Нов пресврт – Управниот суд ја прифати тужбата на Беса, нема прегласување во Желино


Изгледа дека веќе ништо не е јасно што ќе се случува со иницијативата за изгласување на недоверба на Владата откако денеска Управниот суд, како што јави „360 степени“, ја прифатил тужбата на Беса за гласањето во Желино.

Според оваа одлука, која е конечна, нов градоначалник на Желино е Блерим Сејди од Беса. ДИК во четвртокот го прифати приговорот на ДУИ за гласачкото место 2107 со што требаше да има прегласување. На тоа гласачко место победи кандидатот на ДУИ со 117 гласови разлика. Инаку, Сејди стана градоначалник на Желино со само 69 гласа разлика. Тоа значи дека на повтореното гласање на ДУИ ќе ѝ требаше и многу поголема излезност и целосно прелевање на гласовите.

Одлуката на ДИК во четвртокот предизвика вистински тајфун во Беса која преку ноќ реши да ја напушти владата, обвинувајќи ја ДУИ за изборни манипулации. Што ќе се случува сега е нејасно – дали Беса ќе остане во списокот на оние кои се за паѓање на Владата кога го нема главниот изговор.