Нов пожар во кругот на „Треска“


Фото: Б. Грданоски

Нов пожар утринава избувнал во објектите на поранешната фабрика „Треска“, односно во близина има продавница за бои и лакови, каде се појавил пожарот.

Пожарникарите кои останале во текот на ноќта на лице место, рано утринава забележале дека има нови пламени, па веднаш интервениралеи пожарот веднаш е локализиран.

Командирот на протипожарната бригада, Ѕвонко Томевски потврдува дека новиот пожар е локализиран. На терен интервенирале со четири противпожарни возила и нема повредени.

Вчера околу 14 часот избувна голем пожар во кругот на поранешната фабрика „Треска“, при што опожарени беа поголем број објекти, а два часа со пламените јазици се бореа 55 пожарникари.