Нов потег на Москва: Сакате да ја напуштите Русија – треба да платите


Компаниите кои сакаат да го напуштат рускиот пазар, покрај сите дополнителни финансиски барања, ќе треба да платат и дополнителен данок на добивка.

На Русија ѝ требаат пари, па нема да бидат поштедени ниту компании како Volkswagen, UniCredit или Raiffeisen Bank кои сакаат да излезат од нејзиниот пазар, пренесува Bloomberg.

Москва воведе данок од 10 отсто на дополнителниот профит остварен во 2021 и 2022 година, во споредба со 2019 и 2020 година.

Овој данок мора да го платат сите компании кои работат во Русија чијшто годишен профит надминува 11,2 милиони евра.

Новиот закон ќе стапи на сила во 2024 година, но компаниите имаат можност да го платат оваа година и да добијат попуст од 50 проценти.

Русија со овој данок очекува да оствари дополнителен приход од 3,38 милијарди евра.