Нов паркинг во Ново Лисиче кај градинката „Буба Мара“

Нов паркинг-простор се гради во непосредна близина на детската градинка „Буба Мара“ во населбата Ново Лисиче.

Паркингот обезбедува околу 50 паркинг-места, со што се решава долгогодишниот проблем на жителите од околината, но и на родителите кои со возила ги оставаат и ги земаат своите деца од градинката.

Општина Аеродром во изминатиот период ги прошири паркинзите на три локации во непосредна близина на булеварот „Видое Смилевски-Бато“.

Ваквата динамика ќе продолжи секаде каде што просторот го дозволува тоа, најавува Општината.