Нов парк во реонски центар Аеродром

Општина Аеродром во соработка со Град Скопје деновиве почна градежни активности за разубавување на Реонски центар.

Имено, на локацијата каде што се наоѓа детското игралиште се гради нов парк. Паркот ќе има вграден систем за полевање, ќе биде хортикултурно уреден и со нова урбана опрема.

Исто така, постојното детско игралиште ќе биде целосно реновирано со нова подлога и реквизити.

Општина Аеродром во наредниот период ќе изгради нови паркови и на булевар „Јане Сандански“ меѓу зградите 72, 74, 76, на улицата „Методија Шаторов Шарло“ спроти ресторанот „Еквилибриум“ и на улицата „Новопроектирана 1“.