Нов негативен рекорд во Грција, регистрирани 1.690 новозаразени

Во изминатите 24 часа во Грција во Грција се регистрирани 1.690 нови случаи на Ковид-19, што претставува нов негативен рекорд за земјата, а веќе четврти ден по ред бројот на новозаразени е над 1.000 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Зголемување, освен на бројот на нови случаи, има и во однос на хоспитализираните пациенти приклучени на апарати, вкупно 128, 14 повеќе од вчера.

Регистрирани се и уште пет нови смртни случаи од Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата, во Грција има 37.196 заразени, а починаа вкупно 620 лица.