Нов негативен рекорд на новозаразени со Ковид-19 во Албанија


Во Албанија се зголемува бројот на заразени со Ковид-19,каде во последното деноноќие регистрран е нов негативен рекорд на новозаразени.

Од тестраните 971 сомнителен случај опасниот вирус е дијагностициран кај 169 што е за сеум случаи повеќе споредено со вчера кога беше забележан највисок број на заразени во едно деноноќие од почетокот на пандемијата.

-Со последно дијагностицираните вкупниот број изнесува 14.899 заразени. Во изминатите 24 часа во списокот на оздравени се впишани 100 лица или 9.215,додека починаа четири лица односно 411 до сега. И понатаму голем е бројот на лицата на кои им е неопходно болничко лекување.Така, од 5.273 активни 228 се хоспитализирани во двете ковид болници во Тирана, соопшти Министертвото за здрвство и социјална заштита.

Со посебен апел до сите за строго почитување на мерките за заштита, од Инфективната клиника каде повеќе денови е хоспитализирана, се јави директорката на одделот за инфективни болести при Институтот за јавно здравје,Силва Бино,познат епидемиолог и екс директорка на Институтот.

-Ковид не е грип, туку Ковид е нешто многу посериозно, добива тешки форми! Дојдов во болница на време! Можам

да кажам дека е опасен и за него треба да дојдете во вистинско време за лекување,апелира таа.

Советува дека населението треба да се вакцинира против сезонски грип за да се избегнат,како што таа вели „ко-инфекции“.

Познати лекари од оваа област и понатаму сметаат дека се прават мал број тестови. Според нив дневно треба да се прават од 2.000 до 2.500 тестови за да се отслика реалната епидемиолошка состојба со Ковид-19.