Нов меѓународен инцидент: Иран заплени танкер во Персискиот Залив


Силите на Иранската револуционерна гарда објавија дека заплениле странски брод во Персискиот Залив кој шверцувал еден милион барели нафта, објави РТ

Иранската револуционерна гарда објави дека запленетиот брод бил пресретнат во близина на островот Ларак, кој се наоѓа во Ормушкиот Премин во иранските територијални води.

Според извештајот на иранската државна телевизија, тој бил запленет на 14 јули.