Нов доказ, дека Зидан целосно ги контролира трансферите во Реал Мадрид


Еден од условите што Зинедин Зидан го постави пред претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез за да се врати во клубот беше тој да има целосна контрола на трансферните активности на „белиот балет“. Очигледно ова беше исполнето, а сега доаѓа потврдата.

Од една страна, „кралскиот“ клуб продолжува да се обидува и да инсистира на привлекување на Пол Погба од Манчестер Јунајтед. Причината за ова е чисто сонародникот на Погба, кој е на чело на Реал. Меѓутоа, ако Перез зависеше од тоа, ексцентричниот играч од средниот ред би бил одамна отпишан.

Друг фактор се непотребните играчи. Герет Бејл, Хамес Родригез и Маријано Дијаз не се во сметките на Зидан за новата сезона и нема да смета на нив. Претседателот на Реал – Флорентино Перез, ги сака и Бејл и Хамес, а тоа важи повеќе за Велшанецот. Сепак, добро е познат односот меѓу тренерот и двајцата играчи, што ќе има пресудна улога во нивната иднина далеку од „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид смета дека Зинедин Зидан е вистинската личност за заживување на тимот по кошмарната сезона. Неговата идеја е да го стори тоа преку комбинација на искуство и талент.