Нов британски разузнавачки извештај за војната во Украина


 

Руските сили наводно се повлекле од аеродромот „Хостомел“ кај Киев, соопшти меѓу другото британското министерство з аодбрана во својот најнов извештај за состојбата во Украина.

„Хостомел“ е во рускиот фокус од почетокот на војната и таму од првиот ден се водеа тешки борби затоа што заземањето на овој аеродром за Русија значително е полесен од пристапот до главниот град Киев.

„Украинските сили продолжуваат да напредуваат против руските сили кои се повлекуваат во близина на Киев“, соопшти министерството.

Украинските сили исто така, повторно зазедоа неколку села по должина на источната борбена линија, се наведува.

Се додава дека Украинците, по тешки борби, осигурале клучна рута во источен Харкив по ослободувањето на Тростјанец, порано оваа недела.

По должина на северозападната линија во тек се обиди наукраинските сили данапредуваат од Ирпин кон Буча и Хостомел, се наведува на крајот.