Нов агрегатор на вести од најнова генерација – Feed.mk


Во македонскиот и регионален медиумски етер од неодамна почна со работа www.feed.mk, агрегатор на вести од најновата генерација каде што се имплементирани најновите достигнувања од областа на програмирањето и машинското учење.

Претставниците на Фид Медиа велат дека супериорноста на Feed.mk, која е видлива уште при првото отворање на интернет пребарувачот, е резултат на долгогодишните истражувања за корисничко искуство и искуства од користењето на слични светски агрегатори.

Тие истакнуваат дека нивен приоритет е секогаш да понудат најдобро корисничко искуство за читателите и најбрз пристап до тоа што е важно да се следи.

– Feed.mk се подготвуваше повеќе од три години. Зад проектот стои тим на програмери со долгогодишно искуство и фокусот од првиот ден е ставен на читателот. Сечиј интерес е посебен, секој читател може да ја приспособи апликацијата согласно своите желби, навики и потреби. Обезбедивме содржини на шест јазици (македонски, албански, англиски, српски, хрватски и бугарски) и илјадници извори со информации буквално од сите страни на светот, велат претставниците на Фид Медиа.

Она што е дополнително ексклузивно на Feed.mk е фактот што во моментов нуди и видео содржини од преку 700 канали и извори, а надополнувањето со нови содржини, извори и видео канали ќе биде континуирано и без лимит.

Според креаторите, останати карактеристики кои го издвојуваат Feed.mk од сличните сервиси во државата и странство се фокус на персонализација на содржина спрема индивидуални вкусови, напреден алгоритам за кластеризација базиран врз вистинско машинско учење, следење на новости и извори од разни јазични подрачја на едно место, напредно мобилно искуство на самата страна, асинхроно повикување на содржината, навигација без освежување на страната.

– Целиот процес е тукушто започнат и допрва ќе се развива како во поглед на содржините и корисничкото искуство, така и во делот на проширувањата на операциите во и надвор од регионот. Ние сме одлучно решени да се водиме од мотото „Вашиот интерес е наш императив“, нагласуваат креаторите