Носорозите се вратија во Мозамбик 40 години по изумирањето


Повеќе од четири децении откако локално изумреа, носорози повторно талкаат по дивините во Мозамбик, со што им се вдахнува нов живот на загрозените видови од Јужна Африка во парковите и го потикнува локалниот туризам.

Група ренџери фатија, седираа и преместија црни и бели носорози во повеќе од 1.600 км оддалечен навионален парк „Зинаве“ во Мозамбик, кој се простира на повеќе од 400.000 хектари и има повеќе од 2.300 други, исто така однадвор доведени животни.

„Носорозите се важни за екосистемот, што е една од причините зошто ги преместуваме на толкава оддалеченост и ги правиме овие напори да ги однесеме дотаму“, вели Кастер Викеру, конзерватор кој го надгледува префрлањето на носорозите.

Групата за зачувување „Пис паркс фондејшн“ (PPF), која ја спроведува операцијата, има за цел да пресели повеќе од 40 носорози во следните две години во Мозамбик.

Водачот на проектот Ентони Александер рече дека групата веќе довела некои предатори и многу слонови во паркот и дека на ред се носорозите.

Оваа иницијатива е дел од кампањата за спас на загрозени видови со нивно преселување во сигурни засолништа, каде имаат прилика да ја зголемат својата популација.

Викери вели дека се надева дека за 10 години ќе се види напредна популација на бели носорози во „Зинаве“.

Мозамбичката министерка за околина Ивет Маибазе смета дека ова историско преселување ќе биде корисно за растечката индустрија на екотуризам во земјата.

Бројноста на дивите животни во Мозамбик сериозно е погодена од 15-годишната граѓанска војна која заврши во 1992 година и криволовот.