Норвежаните ѝ вртат грб на нафтата, на неа им се темели богатството

Норвешка, најголемиот западноевропски производител на нафта, се одлучи за радикален пресврт во својата политика кон нафтената индустрија.
Во текот на викендот, опозициската Лабуристичка партија одлучи да го смени ставот и да престане да го поттикнува производството на нафта на подрачјето на Лофотските острови на северот на Норвешка, што во парламентот оформи силно мнозинство против дупчење за нафта на тоа подрачје.
Се работи за многу драматичен пресврт и силен удар на норвешката нафтена индустрија, кој укажува на тоа дека ерата на нафтено рударење се ближи кон крајот, а оваа скандинавска нација на тој начин стана една од најбогатите на светот.
Нафтените компании, на чело со најголемиот производител „Equinor ASA“, порачаа дека пристапот до Лофотските острови е клуч за одржување на нивото на производство на кое до сега беа.
Се проценува дека на тоа подрачје се наоѓаат меѓу една и три милијарди барели нафта и гас.
„Целата индустрија е изненадена и разочарана“, рече Карл Ерик Сјот-Педерсен, првиот човек на Норвешкото нафтено здружение.