Норвежанецот Гранеруд победник на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ (Видео)


Норвешкиот ски-скокач Халвор Егнер Гранеруд е победник на 71 Новогодишна турнеја „Четири скокалници“, откако триумфираше на последната четврта станица во Бишофсхофен, Австрија.

Гранеруд ја постигна третата победа на турнејата, а во генералниот пласман славеше со вкупно 1.191 поен.

Второто место во рангирањето го освои Полјакот Давид Кубацки со 1.158 поени, додека на третото место се најде Словенецот Анже Ланишек со 1.129 поени.

Гранеруд на тој начин ја донесе првата победа на Норвешка на Новогодишната турнеја по 2007 година, кога славеше Андерс Јакобсен.

Во Бишофсхофен Гранеруд ја забележа 17 победа во Светскиот куп со скокови од 139,5 и 143,5 метри.

Ланишек на денешниот натпревар го освои второто место (140,5 и 139 метри), а Кубацки третото (135,5 и 140 метри). Светскиот куп ќе продолжи на 15 јануари во Закопане, Полска.