Норвешки лекар тврди дека во таа земја вирусот мутирал
Нова мутација на САРС-КоВ-2 корона вирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад, додека Роспотребнадзор наведува дека не е утврден нов сој на вирусот во Русија.
Норвешкиот таблоид Верденс Ганг денеска објави дека е откриена нова мутација на коронавирусот во Норвешка во Трондхајм на северот на земјата, пренесува ТАСС.
Русија, сепак, не идентификувала ниту еден нов сој на коронавирус што би можел да биде суштински различен од оној што циркулира во други земји, објави надзорниот орган за заштита на потрошувачите Роспотребнадзор.