Норвешка планира над 130 нови нафтени истражувања на Арктикот


Норвешка– Норвешка планира големо проширување на нафтените истражувања во регионот на Арктикот, и покрај посветеноста во борбата против климатските промени и противењата на здруженијата за животна средина.

Норвешката министерка за нафта и енергија, Тина Бру, денеска изјави дека ова проширување на истражувања е потребно за да се заштитат работните места и да се генерираат нови приходи.

Владата во Осло на аукција ќе стави 136 нови локации за истражување на нафта, од кои 125 се наоѓаат во арктичкото Бененцово море.

-Нови наоѓалишта ни требаат за да ги задржиме вработувањата и да создадеме вредност, изјави норвешката министерка.

Норвешка е најголем производител на нафта во Западна Европа и, врз основа на своето енергетско богатство, го создаде најголемиот светски фонд вреден повеќе од трилион долари.

Оваа скандинавска земја го потпиша Парискиот договор за климата и, иако не е членка на Европската унија, се согласи да ги намали емисиите на штетни гасови во согласност со Унијата.