Норвешка не ги отвора границите, препорачано на одмор во државата


Норвешка најверојатно ќе ги задржи рестрикциите поврзани со патувања до 20 август, рече денеска премиерката Ерна Солберг.

Норвешките рестрикции за патаување вклучуваат официјални препораки да не се патува во странство одвен ако не e нужно, 10-дневен каранин за оние кои доаѓаат од странство, забрана за влез во земјата за оние кои не се државјани на Норвешка или немаат дозвола за престој или работа во оваа земја, пишува Ројтерс.

„Не сакаме да ги задржиме рестрикциите подолго од што е потребно“, рече Солберг, и ги советуваше жителите на оваа нордиска држава годишните одмори да ги планираат во Норвешка.

Инаку, денеска три балтички земји, Естонија, Латвија и Летонија, ги отворија меѓусебните граници, но нордиските земји се уште разговараат за тоа.

Така, Норвешка би можела на 15 јуни да им дозволи доаѓање на државјаните на Данска, Шведска, Исланд и Финска. ДО 15 јули треба да ја разгледа и дозволата за граѓаните од неколку европски држави.

Сепак, Норвешка дозволи влез на сезонски работници кои работат во земјоделството, рибарството и нафтената индустрија под услов при доаѓањето 10 дена да поминат во карантин.