Нормализирање на сообраќајот на делница од патниот правец Кичево – Охрид


Сообраќајот ќе се одвива нормално по коловозната лента на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан кај местото Печуркара, соопшти  ЈП Македонијапат.

– Сообраќајот се одвиваше по девијација, која ќе биде отстранета и сообраќајот ќе се одвива нормално по коловозната лента, информира претпријатието по известување од  ГП „Илинден“.