Нормализирана испораката на топлинска енергија
БЕГ ги известува своите потрошувачи дека, како резултат на нормализираната испорака на природен гас во државата, од денескa состојбата со испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење се реализира непречено согласно мрежните правила за испорака на топлинска енергија.
– Во изминатите три дена топланите работеа со редуцирана испорака на топлинска енергија, поради ограничување на количините на природен гас на топланите за 10 отсто. Оваа редукција не предизвика значително намалување на нивото на комфорот на потрошувачите и на внатрешната температура во објектите, односно средната дневна внатрешна температура во објектите не опадна за повеќе од 1ºС од пропишаната (20+1)ºС – информираа од БЕГ.
Причина за ограничување на транспортот на природен гас во изминатите три дена беше изведување ремонтни активности на транзитниот гасовод од Бугарија кон земјава, што ги реализираше бугарскиот оператор на системот за пренос на природен гас „Булгартрансгаз ЕАД“.