Нора Шакири-Марковиќ наскоро ќе стане мајка


Ексводителката Нора Шакири, вработена во кабинетот на заменик министерот за култура Владимир Лазовски наскоро ќе стане мајка.

Таа на Инстаграм профилот објави фотографија со својот сопруг, музичарот Марко Марковиќ, каде ја споделила веста со следачите, а може да се забележи дека веќе е во поодмината бременост.

„Не гледајте во друго, ташната е битна“, напиша во свој стил Нора под фотографијата.

Нора и Марко долги години беа во врска, а во 2016-та години официјално ја крунисаа љубовта со брак.