Номинираната за Оскар Елен Пејџ откри дека е трансродово лице


САД– Елен Пејџ, ѕвездата од „Џуно“ и „Амбрела академија“, откри дека е трансродово лице и дека го сменила своето име во Елиот.

„Не можам да искажам колку е извонредно чувството конечно да сакам тоа што сум, да се сакам себе доволно за да го остварам своето автентично јас“, напиша Пејџ на Инстаграм во објавата насловена „Сакам што сум трансродна. И сакам што сум геј“.

Пејџ (33) беше номиниранa за „Оскар“ за улогата на бремена тинејџерка во филмот „Џуно“ (2007) и глумеше во други филмови, вклучително и научнофантастичниот трилер „Зачеток“ од 2010 година.

Канадската актерка моментално се појавува во серијата „Амбрела академија“ на „Нетфликс“.