Ноќеска земјотрес и во Загреб


 

Ноќеска во 3.49 часот сеизмографите на Сеизмолошката служба во Хрватска забележаа слаб потрес со епицентар кај Маркушевац на 9 км од главниот град Загреб.

Магнитудата на земјотресот била 2,6 степени според Рихтер, а интензитетот на потресот во епицентарот III степени пспоред ЕМС скалата, јавија хрватските медиуми.

Претходно, во 21.34 часот земјотрес со јачина од 3,3 степени беше регистриран во близина на Петриња.