Ноќеска, Тафталиџе 2 без вода

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека утре поради технички зафат на санација на затварачи од ф – 300 мм и ф – 125 мм на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ – спроти „Реплек“, во периодот од 2 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населбата Тафталиџе 2 како и дел од корисниците од улицата „Јуриј Гагарин“ во општина Карпош.