Ноќеска стабилизирање на времето, за викенд посвежо со врнежи


Фото: Б. Грданоски

До крајот на денот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во планинските подрачја, но и во делови од скопската котлина. Постепено стабилизирање, како што соопшти УХМР, се очекува во ноќните часови.

Според Управата, претстојниот викенд температурите ќе се намалат, а времето ќе биде нестабилно, локално со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде  од 12 до 21, а максималната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува осум. Во Скопје слично време со темература до 33 степени.

Во петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.