Нобеловецот Фосе за „Политика“: Ја добив тагата како подарок и затоа сум поет
Норвешкиот автор, преведувач и драматург Џон Фосе (65) е добитник на Нобеловата награда за литература за 2023. Ако сè уште не сте го прочитале – време е. Во Македонија не е преведен, во Хрватска и Србија веќе е омилен автор.
Дебитираше во 1983 година со романот „Црвено, црно“. Првата драма на Фосе „И никогаш нема да се разделиме“ беше премиерно изведена во 1994 година. Досега има напишано повеќе од четириесет драми кои се преведени на педесет јазици. Денес тој е еден од најизведуваните светски драматурзи и најпознат норвешки драматург по Хенрик Ибзен. Негови особено ценети романи се „Утро и вечер“, „Меланхолија 1“ и „Меланхолија 2“ и „Септологија“.
Фосе даде интервју за белградска „Политика“ благодарејќи на српските издавачи „Трећем Тргу” и „Сребрном дрвету” кои ја преведоа неговата поезија и драми на српски јазик.
Дали сте поинаква личност сега по добивањето на Нобеловата награда, дали го променивте пристапот кон пишувањето, што значи признанието за вас?
Без сомнение, јас сум истиот човек и по „Нобелот“. Сепак, мојот живот по објавувањето е поинаков во однос на претходниот, добив илјадници честитки и не помалку покани за фестивали, па поголемиот дел од времето едноставно го трошев за да одговарам на мејлови и да давам интервјуа. Ги одбивам речиси сите покани, но тоа го правев и пред Нобеловата награда, исто како што не се согласував со повеќето интервјуа. Сепак, кога ќе помислам дека ја добив Нобеловата награда, тоа ми дава еден вид сигурност, особено во однос на квалитетот на она што го пишувам, а исто така ми дава и економска сигурност.
Има ли јасна граница меѓу свеста и лудилото кај творецот, дали тој создава од чисто чувство на среќа или причината за креативноста е трагична?
Мислам дека има тага, или меланхолија кај сите уметници, воопшто во уметноста. Барем мене ми е така. Ја добив тагата како подарок и затоа сум поет, како што пишува Ибзен во една од неговите рани драми.
Целото интервју тука