Нобелова награда: Русија, Белорусија и Иран повторно поканети на доделување на наградата


Стокхолм – Русија и Белорусија повторно се поканети на церемонијата на доделување на Нобеловата награда во Стокхолм, откако минатата година беа изоставени поради војната во Украина, соопшти Нобеловата фондација.

Иран, исто така, е поканет повторно да учествува на настанот во шведскиот главен град, откако минатата година не му беше дозволено да присуствува.

Фондацијата соопшти дека се обидува да ги вклучи дури и оние кои не ги делат вредностите на Нобеловата награда.

Пет од шесте церемонии за доделување на Нобеловата награда се одржуваат во Стокхолм секоја година, додека Нобеловата награда за мир се доделува во Осло.

Минатата година Нобеловата фондација објави дека нема да бидат поканети амбасадорите на Русија и Белорусија „поради руската инвазија врз Украина“.