Нова биоразградлива пластика се распаѓа на сонце и на воздух


 

Научниците развија биоразградлива пластика која се распаѓа на сонце и на воздух.

Пластиката е голем проблем во светот, а некаде и значајна причина за поплави. Со оглед на фактот дека пластичните полимери не се разложуваат лесно, овој вид загадување може да ги „затне“ реките. Ако пластиката дојде до морето, таа завршува во огромни лебдечки полиња со ѓубре.

За да се решава овој проблем со загадувањето со пластичен отпад, научниците развија разградлива пластика која се распаѓа ако се изложи на сонце и воздух седум дена. Тоа е огромен напредок во однос на фактот дека денес за разградување на пластиката потребни се десетици години па и век.

Научниците во магазинот Journal of the American Chemical Society (JACS) објавија детали за разградливата пластика која на сонце се претвора во јантарна киселина, природна нетоксична мала молекула која не остава микропластични фрагменти во природата. Научниците користат магнетна резонанца и хемиска спектроскопија за да демонстрираат што откриле на пластиката, полимер базиран на нафта.

Авторите на истражувањето рекоа дека разградливата пластика може да се меша со друга пластика за да се произведат поиздржливи премети, а покрај тоа да бидат и поразградливи.

Разградливата пластика може да се користи во електромниката, каде би била доста корисна. Кога би се користела, пластиката би била затоврена во електронските уреди и заштитена од воздух и сонце би можела да трае со години. Но, по транспортот на депонија, уредот би се скршил, а пластиката изложена на сонце и на воздух би се распаднала за неколку дена.

Нуспроизводот на пластиката, јантарна киселина, исто така може да се рециклира за комерцијална употреба во фармацевтската и прехранбената индустрија. Неодамна е развиена метода во која биоразградливата пластика се претвора во млазно гориво.

Оваа пластика е чекор напред во борбата против пластичен отпад, но потребно е да се направи уште многу затоа што 10 милиони тони пластичен отпад завршува во океаните секоја година.

Комерцијализација на новата пластика се очекува за пет до десет години.