„No Time To Die “: Нова фотографија од тајната средба на Бонд и М


Англија– Нова фотографија од No Time To Die, следниот филм за тајниот агент Џејмс Бонд, е споделена на Интернет. Ги прикажува Ралф Фајнс како М и Даниел Крег како 007 на Јан Флеминг, во разговор пред мостот на Хамерсмит во Лондон.

Сцената е снимена пред една година, на 12 јули 2019 година. Новата слика се појавува покрај гласините дека филмот може да се соочи со уште едно одложување, откако веќе беше одложен од април за ноември поради коронавирус.

М носи нов капут и весник во раката, додека Бонд носи строг скроен костум, оставајќи впечаток за непланирана или тајна средба.

Во 25-тиот филм за Бонд,  007 се повлекува од активна служба, но повторно го враќа во акција Феликс Лејтер (Џефри Рајт) кој бара помош во пронаоѓањето на исчезнат научник.

Даниел Крег, кој го глуми  Бонд петти и последен пат во No Time To Die, се чини дека носи иста облека што ја носи на фотографијата за медиумите, од пред класичниот Астон Мартин V8 на Тимоти Далтон (подолу).

No Time To Die е трето продолжение каде Ралф Фајнс го глуми шефот на Бонд М – вистинско име Герет Мелориј – откако се приклучи на долгогодишната шпионска серија во Skyfall во 2012 година.

Филмот, од Еон Продукција на Алберт Р. Броколи, Студијата Метро Голдвин Мајер (МГМ) и Универзал Пикчр Интернешнл е во режија на Кери Оjоџи Фукунага.

Во 25-тото продолжение покрај Крег, Фајнс и Рајт глумат и Рами Малек, Леа Сејду, Лашана Линч, Бен Вишав, Наоми Харис, Били Магнусен, Ана де Армас, Рори Кинеар, Дејвид Денсик, Дали Бензалах . Премиерата е закажана за 12 ноември.