Њујорк воведува самотестирање за Ковид-19


Здравствените установи во Њјорк воведуваат самотестирање за Ковид-19, во кој граѓаните ќе земаат примероци сами по упатствата на здравствените работници, објави денеска градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио.

Тој рече дека ова ќе овозможи далеку поголемо тестирање што ќе биде полесно и побезбедно и за пациентите и за здравствените работници.

– Тоа е нешто што ќе започнеме да го користиме масовно, рече Де Блазио.

Досега, тестовите најмногу ги правеле здравствените работници со земање брисеви длабоко од ноздрите, кои честопати ги иритираат пациентите со кивање и кашлање, што директно им се заканувало на здравствените работници, тврди градски медицински официјален претставник.

Новата метода треба да почне да се спроведува следните денови на осум места во градот.