„Њујорк тајмс“: Му се закануваат на д-р Фаучи


САД- Д-р Ентони Фаучи (79),  владиниот експерт за заразни болести во САД и врвен експерт во оваа област  , ќе добие зголемено лично обезбедување по добивањето закани и несакани пораки, како резултат на неговата водечка улога во борбата против Ковид 19.

Д-р Фаучи ги повика Американците да практикуваат социјално дистанцирање и дека најлошото допрва треба да се случи дури и по неколку недели на нестабилност и дома и во странство.

Не е јасно каков вид на закани доби Фаучи, иако тој веќе стана мета на теориите за заговор на десницата.

Експертот успеа да ја одржи поддршката кај претседателот и покрај тоа што треба редовно да ги интерпретира и смирува изјавите на Трамп за теми, вклучително и временската рамка за кој било вид вакцина против коронавирус.

Во вторникот, Фаучи предупреди дека меѓу 100.000 и 240.000 луѓе во САД би можеле да умрат дури и ако се одржат сегашните мерки.Трамп на крајот ги продолжи мерките за социјално дистанцирање на 30 дена до крајот на април.

Повеќе од 216.000 луѓе се заразени со вирусот во САД, а смртните случаи се зголемени во изминатите на 4600.