Њујорк ги погребува мртвите во масовни гробници


Работниците кои носат заштитни одела се забележани како закопуваат ковчези во масовна гробница на островот Харт во Њујорк, бидејќи бројот на погребувања се зголеми за четири пати среде пандемијата на корона вирус и бројот на смртните случаи во се искачува на повеќе од 4.200.

Градот го користи островот Харт за да ги погреба њујорчаните без познати роднини или чие семејство не е во можност да организира погреб уште од 19. век.

Обично, околу 25 тела се закопуваат таму еднаш неделно од ниско платените затвореници од затворот на островот Рикерс. Тој број започна да се зголемува минатиот месец бидејќи новиот корона вирус брзо се шири и Њујорк стана епицентарот на пандемијата.

Сега погребуваат околу дваесетина тела на ден, пет дена во неделата.

Во моментов, 4.260 луѓе починале од коронавирус во градот и повеќе од 80.000 се инфицирани.

До сега, официјалните лица молчат на прашањата околу тоа дали жртвите на корона вирусот биле закопани на островот Харт.

Во четвртокот, официјалните лица изјавија дека немаат друг избор освен да ги погребуваат пациентите од Ковид-19 на градските гробишта, за да се справат со големиот број умрени од корона вирусот и намалувањето на просторот во мртовечниците.

Според новата политика, телата се задржуваат во мртовечници само 14 дена пред да бидат погребани во полето на островот Харт.

Името на починатиот е врежано со големи букви на секој ковчег, што помага доколку некое тело треба подоцна да биде ексхумирано. Ковчезите се закопани во долги тесни ровови ископани со машини за копање. (Дејли мејл)