Њујорк ги откажа примарните избори за демократски кандидат


Властите на сојузната држава Њујорк го откажаа примарното гласање за избор на демократски претседателски кандидат поради ширењето на коронавирусот, соопшти денеска „Њујорк тајмс“.

Изборите требаше да се одржат на 23 јуни и конечната одлука да нема избори е донесена од Комисијата за избори на Њујорк.

Весникот јави дека поддржувачите на Берни Сандерс, еден од главните претенденти за претседателски кандидат, се против оваа одлука. На 8 април Сандерс објави дека излегува од трката и потоа ја поддржа кандидатурата на поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден.

Со оваа одлука, Њујорк е првата држава која откажа избори, останатите сојузни држави, напротив или ги одложија примарните избори на други дати, или пак ги оддржаа со помош на далечинско гласање преку пошта.

Според најновата анкета на истражувачкиот центар ССРС, рејтингот на Бајден е повисок од оној на актуалниот претседател Доналд Трамп.