Ниту Безос, ниту Маск. Кој е најбогатиот Американец на сите времиња


Наставниците по историја во средните училишта можеби не го зборуваа тоа толку отворено, но Америка се засноваше на концептот дека поединците имаат право да акумулираат приватно богатство.

Ниту една друга земја во историјата никогаш не поставила такви материјални концепти од самото нејзино основање. Капитализмот и правото на заработка (големо или мало) без мешање на владата или црквата се вткаени директно во структурата на документите за основање и општествената ДНК на граѓаните на САД, пишува порталот Celebrity Net Worth.

Америка е најбогатата земја во светот денес. Затоа луѓето од целиот свет очајно сакаат да стигнат на нејзините брегови каде што се надеваат дека ќе го остварат својот американски сон – сон што создаде некои од најголемите лични богатства во модерната историја, прренесува Бизнисинфо.ба.

Во моментов, осум од десетте најбогати луѓе во светот се Американци. Двајца од тие осум – Сергеј Брин (Гугл) и Илон Маск (Тесла / Спејс Икс) – се доселеници  во Америка. Ова се два од безброј примери на имигранти кои се истовариле на американските брегови, желни да го започнат својот сон.

А, кои се најбогатите Американци на сите времиња? И ако ја земето во предвид инфлацијата, кој е НАЈБОГАТИОТ Американец на сите времиња?

Како денешните технолошки милијардери се споредуваат со нивните индустриски претходници во однос на нето-вредноста? На пример, како се мери моменталната нето вредност на Марк Закерберг од речиси 100 милијарди долари наспроти нето-вредноста на Рокфелер, Карнеги и Вандербилт кога во предвид ќе се земе инфлацијата?

# 12: Ворен Бафет – 89 милијарди долари (1930 година – до денес, „Беркшир Хатавеј“)
Претседателот на „Беркшир Хатавеј“, холдинг компанија која поседува удели во широк спектар на индустрии и еден од најголемите сопственици на „Епл“, има нето вредност од 89 милијарди долари, со една мала забелешка. Слично како Бил Гејтс, Ворен има намера да донира најголем дел од своето богатство во добротворни цели пред да почине, а всушност веќе донираше околу 40 милијарди долари. Да не го стореше тоа, многу веројатно денес би можел да има нето вредност од околу 130 милијарди долари.

# 11: Фридрих Вејерхаузер – 80 милијарди долари (1834 – 1914 година, инвестиции во дрво и земја)
По граѓанската војна, Фридрих Вејерхаусер основал дрвна компанија и на крајот се стекнал со повеќе од два милиони хектари земја што го прави еден од најголемите приватни сопственици на земјиште во САД. Неговите инвестиции во дрво беа исклучително успешни, со што на Вејерхаузер му донесе нето вредност од над 80 милијарди долари измерена во денешни долари.

# 10. А.Т. Стјуарт – 90 милијарди долари (1803 – 1876, сува стока)
Ирец по раѓање, Александар Тарни Стјуарт, познат како А.Т. Стјуарт ја основал првата стоковна куќа во градот Њујорк, која станала најголемата продавница за малопродажба во светот во своето време. Уште во 1869 година, нето-имотот на Стјуарт се проценуваше на над милион долари, а кога почина во 1876 година, неговото богатство вредеше дури како 90 милијарди долари во 2012 година!

#9: Стивен Жирард – 105 милијарди долари (1750 – 1831 година, банкар)
По потекло Французин, Стивен Жирард го направи своето богатство во бродарството и на крајот во банкарството. Во времето на неговата смрт, Стивен Жирард беше најбогатиот човек во Америка со нето вредност од 105 милијарди долари. Почина без наследник и донираше голем дел од своето богатство во добротворни цели.

#8: Марк Закерберг – 120 милијарди долари (1984 година – денес)
Марк го основал „Фејсбук“ во својата соба на Харвард во 2004 година. Шеснаесет години подоцна, тој вреди 98 милијарди долари, но неговата нето вредност достигна 120 милијарди долари во септември 2020 година.

#7: Џон Џејкоб Астор – 121 милијарди долари (1763 – 1848 година, недвижен имот во Њујорк)
Џон Џејкоб Астор го направи своето прво богатство со трговија со крзно во Америка. Астор тогаш ги искористи своите огромни финансиски средства за да купи недвижен имот во Њујорк, вклучително и она што на крајот ќе стане хотел „Валдорф Асторија“. Астор бил првиот мултимилионер некогаш во Америка и во време на неговата смрт во 1848 година имал нето вредност од 121 милијарди долари во денешни долари.

#6: Бил Гејтс – 121,9 милијарди долари (1955 година – денес, „Мајкрософт“)
Ова е доволно за да биде шести најбогат Американец досега, но како и неговиот добар пријател Ворен Бафет и Гејтс вети дека ќе донира најголем дел од своето богатство во добротворни цели за време на неговиот живот и всушност веќе донираше 50 милијарди долари. Ако Бил беше скржав, денес ќе вредеше повеќе од 200 милијарди долари.

# 5: Корнелиус Вандербилт – 185 милијарди долари (1794 – 1877 година, железница и бродови)
Корнелиус Вандербилт го заработи своето богатство рано управувајќи со парни чамци, но не заработи огромно богатство се додека не инвестираше во железницата на 70-годишна возраст. Тој ги искористи своите пари за да го основа универзитетот Вандербилт, а неговите потомци сè уште поседуваат огромни имоти во градот Њујорк. За време на неговата смрт во 1877 година, Корнелиус Вандербилт имал нето вредност од 185 милијарди долари пресметано во денешни долари.

# 4: Елон Маск – 183 милијарди долари (1971 година – денес, „Тесла“ и „Спејс Икс“)
Маск е роден во Преторија, Јужна Африка во 1971 година. Тој стана американски државјанин во 2002 година и го стекна своето прво значајно богатство како еден од ко-основачите на Paypal. Тој богатство го насочи во две компании: „Тесла“ и „Спејс Икс“, кои во неколку наврати за малку ќе банкротираа. Тој сега поседува околу 20 отсто од „Тесла“ и околу половина од „Спејс Икс“. Приказната на „Тесла“ помеѓу 2018 и 2021 година во никој случај не беше извонредна и акциите не вредеа премногу. Потоа во 2020 година полета како ракетата „Спејс Икс“. Елон ја започна 2020 година со нето вредност од 28 милијарди долари и ја заврши со 170 милијарди долари. За една недела во 2021 година, неговата нето вредност се зголеми за 40 милијарди на 210 милијарди долари. Во текот на таа недела, Елон го надмина Џеф Безос некое време и стана најбогатата личност на планетата.

# 3: Џеф Безос – 189,3 милијарди долари (1964 година – денес, основач на „Амазон“)
Џеф Безос е основач, извршен директор и претседател на компанијата Amazon.com и човекот кој го смени начинот на купување на луѓето. Медиумите пишуваа за тоа како тој го напишал деловниот план за „Амазон“ додека возел низ земјата со неговата сопруга, откако ја напуштил високо платената работа во инвестициското банкарство и решил да ја создаде најголемата продавница во светот.

Безос најпрво го надмина Бил Гејтс како најбогата личност на светот во јули 2017 година. Тој беше најбогатиот човек на светот од октомври 2017 година до јануари 2021 година кога за некое време беше надминат од Елон Маск. Иако треба да се напомене дека неговото сегашно богатство е помалку за околу 60 милијарди долари кое ѝ припадна на неговата сопруга Мекензи Скот по разводот. Да не се разведеше, ќе се најдеше на оваа листа со 256 милијарди долари.

# 2: Ендру Карнеги – 310 милијарди долари (1835 – 1919 година, челик)
Во екот на бумот на челичната индустрија, Ендру Карнеги инвестираше многу во челични компании кои се исплатеа одлично. На крајот, Карнеги стана шеф на УС Стил, кој го катапултираше до највисокото ниво на американското богатство. Во 1901 година, Ендру ја продаде својата компанија на банкарот Ј.П. Морган за 480 милиони долари платени во каматоносни обврзници сместени во банка изградена специјално за заштита на обврзниците. Во време на неговата смрт во 1919 година, Ендру Карнеги вредеше 310 милијарди долари според денешната вредност на доларот, што го прави втор најбогат Американец што некогаш живеел. Откако ја продаде својата компанија, тој го посвети остатокот од својот живот на филантропија. Тој го донираше целото свое богатство, финансирајќи големи болнички системи и училишта кои работат и денес. Според легендата, тој првично немал намера да даде ниту цент, но се предомислил откако се почувствувал виновен за придонесот за тешките услови за работа за железарите што го збогатија.

# 1: Џон Д. Рокфелер – 340 милијарди долари (1839 – 1937 година, „Стандард оил“)
Џон Д. Рокфелер не беше само најбогатиот Американец што некогаш живеел, туку и еден од најбогатите луѓе во историјата со нето вредност од 340 милијарди долари во денешни долари кога почина во 1937 година. Џон Д. Рокфелер беше основач на „Стандард оил“, а на крајот контролираше над 90 отсто од целата нафта во Соединетите држави.

Американската влада го подели „Стандард оил“ заради монополот и на крајот беше поделена на она што стана „Амоко“, „Шеврон Коноко“ и „Ексон Мобил“.

Интересно, богатството на Рокфелер се зголеми по укинувањето на монополот. Раздвојувањето на неговата империја им овозможи на компаниите да се натпреваруваат и да прават бизнис на нивоа што порано не можеа. Ослободена е огромна вредност и како сопственик на мали делови од секоја компанија, Џон Д. видел како неговото богатство експлодира.

Тој беше првиот Американец кој вредеше над милијарда долари, а по неговата смрт остави над 500 милиони долари во добротворни цели.