Ништо од 100. титула – Ѓоковиќ поразен од Американецот Опелка во Бризбејн


Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, како што ја заврши минатата, така ја почна новата година на АТП турнејата. Тој неочекувано доживеа пораз во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн од Американецот, Рајли Опелка.

Ѓоковиќ одигра слаб меч, какви што беа поголемиот дел од тие во 2024 година. Американецот на крајот стигна до победа од максимални 2-0, по сетови 7-6 и 6-3.