Николовски и Милошоски донирале 5.000 евра во кампањата на Силјановска


Kандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова во првата половина од претседателската кампања потрошила речиси 163 илјади евра. Сиљановска Давкова како приходи пријавила 203.000 евра од донации. Ова го покажува финансискиот извештај, објавен на веб-страната на Државната изборна комисија.

Помеѓу поголемите донатори за кампањата на Сиљановска можат да се забележат пратеници и функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Најмногу донирал потпретседателот на партијата, Александар Николовски – 180.000 денари, а на листата е и пратеникот Антонио Милошоски со донација од 150.000 денари. Донирал и поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски 100.000 денари.

Претседателски кандидат на владејачката коалиција, Стево Пендаровски, во кампањата има приходи од околу 31 милион денари, а најголемиот дел од нив легнале од членарина од СДСМ – 10 милиони денари. На списокот на донатори кај него се јавува само едно лице Павле Дукадиновски кој уплатил 150.000 денари.

За кампањата на независниот претседателски кандидат, Блерим Река, во периодот од 26 март до 10 април, имало донации само од двете политички партии кои го поддржуваат, Беса и Алијансата за Албанците. Тие во овој период заедно донирале околу 1.100.000 денари. донации од граѓани нема.