Николовски: Го развиваме истокот


Создаваме услови за враќање на младите на истокот, а од тука да ги извезуваме македонските производи, истакна носителот на кандидатската листа на коалцијата Можеме во изборната единица 3, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во емисијата Утрински брифинг.

-Во источниот регион на земјата нема регионален пат што не е обновен во овие 2,5 години од нашиот мандат. После 38 години, целоосно е рехабилитиран патот од 20 километри до село Луке, по 60 години е направен патот до Огут, Нерав најоддалечените села, на 40 километри од Крива Паланка, градиме водоводи и канализации, нагласи Николовски.

Тој истакна дека правата на работникот се светост и затоа недела ќе биде неработен ден за сите, а мизерната и срамна плата од 9.000 денари ја покачиле на 14.500, со тоа што до крајот на мандатот ќе биде до 20.000 денари, односно за 120 отсто повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави дека во следниот мандат ќе продолжат со мерките и политиките за поддршка на земјоделството, со обезбедување  100% покриеност со зелена нафта за земјоделците.

-Тоа го можеме бидејќи водиме политики за враќање на парите кај граѓаните, не градиме скултури, не се изнесуваат парите во Белизе, нагласи Николовски.