Николовски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 500 евра


Основниот суд Скопје 2 донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, го наклеветил братот на премиерот Зоран Заев, во телефонска изјава, со тврдењето дека Вице Заев е главен бизнис фактор во државата и дека тој и неговото семејство ги добиваат сите главни бизниси во државата.

Судот утврди клевета само во еден дел од изјавата, но не досуди надомест на штета од 30 илјади денари. Тужбеното барање за надомест на штета врз основа на повреденото право за нарушени чест и углед е одбиено.

Според Николовски, судот бил коректен, но не и тужителот, кој, рече, само еднаш се појавил на рочиште. На денешното изрекување на пресудата не се појави ниту Вице Заев, ниту неговиот адвокат.

Во однос на пресудата, Николвски рече дека сепак ќе ја обжали пред Апелација.

-Очигледно е дека судот, односно судијата бил под сериозен притисок и се обидувал она што е очигледно и јасно да го направи на начин што Вице Заев нема целосно да го изгуби образот. Ќе се жалам на Алепација тужбеното барање целосно да биде одбиено, а не делумно – рече Николовски

Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев го тужеше за клевета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски оти во телефонско интервју на 1ТВ изјавил дека тој и неговото семејство ги добиваат сите главни бизниси во државата.

Николоски истакна дека тужбеното барање е неосновано и бараше да се одбие.
Во Основниот суд Скопје 2, денеска беше изречена пресудата за судскиот спор помеѓу братот на премиерот, Зоран, Вице Заев и Алексанар Николовски, во кој братот на премиерот го тужеше по потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, за клевета.

Меѓутоа, судот само делумно ја прифати тужбата односно одлучи дека Николовски само во дел од изјавата го наклеветил, а го одби и барањето тој да плати 500 евра оштета.

Вице Заев го тужеше Николовски за клевета и навреда бидејќи во изјава на една национална телевизија споменува „наместени тендери за братот на премиерот“, кој како што вели партискиот функционер, е главен бизнис фактор во државата.