Николоски вели дека е добра идејата на Спасовски, но тој немал кредибилитет
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоским вели дека идејата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, компаниите на црната листа да не можат да учествуваат на јавни тендери. Но… Спасовски немал кредибилитет тоа да го предлага
„Се сложувам. Мислам дека тоа е нешто за што треба сериозно да се размисли. Еве во првиот дел мислам дека е добра идеа, но исто така треба да се размисли кога се даваат идеи кој е кредибилитетот на луѓето коишто ги даваат тие идеи“, рече Николоски одговорајќи денеска новинарско прашање.
„Во моментов можеби единствена поголема јавна набавка во Македонија која што е реализирана од компании и лица кои што се на црната листа на САД е реализирана токму во Министерството за внатрешни работи коешто направи една голема набавка на ИТ опрема од компанијата ‘Инфинити’ која што е поврзана со семејството Додик коишто се на црната листа на САД и беа на црната листа на САД и компаниите поврзани со ‘Инфинити’ и семејството во моментот кога се случи оваа јавна набавка“, рече Николоски.