Николоски: Не нѐ прашуваат за пописот, а сакаат да го признаеме


Пописот во Македонија е клучно политичко прашање. бидејќи  по Рамковниот договор правата за помалите етнички заедници се според процентотколку ги има во државата. Тоа е либански модел за кој што јас сум против. Не може човек да цениш според процент, туку според квалитет. Затоа членови на СДСМ се пишуваат како Албанци за да добијат работа, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Инаку, од друг аспект пописот е важен од економски аспект. Инвеститори доаѓаат во Македонија и сакаат да инвестираат во одреден град и не знаат со колку луѓе располага тој град. Во таа насока гледано економски пописот е многу битен, а политички е прашање број еден поради што во Македонија не може да има попис без консензус. Мора да има разговор со опозицијата, и не само со ВМРО-ДПМНЕ, туку и со албанската опозиција. Мора да има консензус за да се има доверба во пописот. А што прави СДСМ, заедносо ДУИ го туркаат на сила. Го пуштиле предлогот на Бојан Маричиќ во Собрание, ниту ни се јавиле ниту не побарале. Да ги предупредам  дека си играат со оган, бидејќи ова е исклучително важно политичко прашање. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ако не биде вклучено од самиот почеток во подготовката и изгласувањето на законот за попис, не сум сигурен дека ќе ги признае резултатит. Нека се прави пописот според Еуростат или според моделот во Словенија, ете Словенија е членка на ЕУ, дециден е Николоски.